Проја со маслинки и кашкавал
Состојки
- 1/2 кафена лажичка шеќер
- 1 кг кафена лажичка сол
- 1/2 чаша масло Ле Бон
- 1 кесичка прашак за пециво Ома
- 1 чаша пченкарно прашно
- 1 чаша обично брашно
- 1 чаша јогурт Бела Фарм
- 2 јајца
- 100 гр сецкани маслинки
- 100на грама сецкан кашкавал
- 4 вида семиња од Вита
Подготовка
Доколку ви се пријаде проја, а немате многу време ова е одличен рецепт за вас. Мерката за чашата е од 250 мл.
Подготовка:
1. Во сад ги ставаме, најпрво, јајцата, ги матиме рачно со маталка, па ги додаваме сите останати состојки и продолжуваме да матиме со маталка, не ви треба миксер.
2. Штом добиеме хомогена смеса, ја ставаме во претходно намрсена тава, и од горе ставаме од мешаните семиња на Вита. Печеме околу 30на минути на 200 степени.
Со чепкалка проверуваме дали е печена.