Памук лепињи за сендвичи
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 2лажици шеќер
- 120мл топло млеко
- 120мл топла вода
- 120мл масло
- 120мл јогурт на собна температура
- 2 белки
- 80гр растопен путер
- 1лажица сол
- Од 750 до 800 гр брашно
- 2 жолчки и 1лажица млеко за премачкување
- Сусам и чурек за посипување
Подготовка
Совршени. Пробајте ги. Меки како памук.
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат квасецот, шеќерот и топлото млеко. Се додава лажица брашно, се промешува и се оставаат да се активира квасецот.
2. Потоа во вангличката се додава топлата вода, јогурт, масло, путер и белки. Со вилушка убаво се соединуваат состојките. Постепено се додава брашно и сол. Се замесува меко тесто. Тестото е прекрасно за работа. Се покрива и се остава да се дуплира.
3. Потоа тестото го делиме на 10 топчиња. Со раце формираме лепињи. Ги редиме во плех.
Ги оставаме да нараснат 20 минути. Ги премачкуваме со жолчката и млекото и наросуваме сусам и чурек. Печеме околу 25 на 180с. Топли ги покриваме со чиста кујнска крпа да отстојат 10 минути.
Ги сервираме.