Вртена ролат пита со сирење и спанаќ
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 1лажиче шеќер
- 1лажиче сол
- 100мл масло
- 200мл млеко
- 70мл јогурт
- 1 јајце
- 1лажиче рамно, пециво
- Околу 500 до 550 гр брашно
- Полнење
- 250гр бело, кравјо сирење
- 8,9 брикети замрзнат спанаќ
- 1/2јајце, доколку е мало цело јајце
- 1лажиче гриз
- Малку бибер
- За премачкување
- 1 /2 јајце и сусам
- 50-60 гр омекнат путер
Подготовка
Исклучително меко, вкусно пециво е мојот денешен појадок. Пробајте го
Подготовка:
1. Прво во цедалка ги оставаме брикетите спанаќ да се одмрзнат.
2. Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме на страна Кога е активиран го ставаме во сад, па додаваме масло, јајце, пециво, сол, јогурт и промешуваме со вилушка.
3. Сега постепено се додава брашно и месиме со рака, се додека не добиеме мазно, по малку и лепливо тесто. Тестото е прекрасно за работа. Го оставаме на топло 30 минути.
4. Потоа го делиме на 10,11 топчиња. Ги покриваме со прозирна фолија. Одмрзнатииот спанаќ го цедиме со рацете да излези течноста. Го ставаме во сад и ги додаваме јајцето, бибер, гриз и дробеното сирење.
Соединуваме.
5. Го земаме првото топче. Го расукуваме во мало правоаголна кориче. Танко го премачкуваме со омекнат путер. Нанесуваме по должината по 2 полни лажици фил. Виткаме како ролатче и оставаме на страна. Постапката е иста со сите топчиња.
6. Со остатокот на путер танко го премачкуваме плехот. Секое ролатче со рацете го завиткуваме по еднаш, двапати и го редиме во плех. Постапката е иста понатаму. Вака подготвени ги премачкуваме со изматено јајце и посипуваме сусам. Јас го додадов најгоре и путерот кој ми остана.
7. Киснат 20 минути, па ги печeме во загреана рерна околу 30 минути. Испечени ги покриваме со кујнска чиста крпа, да одморат 10 минути. Потоа ги вадиме на кујнска решетка да се изладат.
Ги сервираме со чаша јогурт и уживаме во прекрасниот појадок.
На здравје