Ражничи од гратинирани свежи тортелини со моцарела, чајна, босилек, сос од шери
Состојки
- 250гр свежи тортелини со 4 вида сирења
- вода и малку сол за варење
- 1 лажица бон сончогледово масло
- Сос од шери домати
- 300гр домашни шери домати
- 1 лажиче шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 1/4 лажиче црн бибер
- 1 лажица бон сончогледово масло
- 125гр моцарела
- 80гр кругови чајна кобасица
- Свежи ливчиња босилек
- Мешавина на италијански зачини
- Чили пиперче
- стапчиња за ражничи
Подготовка
Подготовка
1. Прво го подготвуваме сосот од домати. Ги лупиме шерите, ги додаваме останатите состојки и нека крчка на тивок оган, со повремено промешување. Треба сосот да биде многу густ.
2. Во тенџере ставаме вода и малку сол да зоврие. Ги додаваме свежите тортелини. Вариме според упатството, 7,8 минути. Ги процедуваме. Додаваме лажица масло и промешуваме.
3. Сега, додека се топли ги редиме на стапчиња за ражничи, по 4,5. Обилно со четка ги премачкуваме со густиот доматен сос. Врз него редиме чајна, ливчиња босилек, па парчиња моцарела и сецкано чили пиперче.
4. Гратинираме во рерна 8 до 10 минути. Не смеат да се пресушат, туку треба да бидат сочни. Врз ражничињата наросуваме мешавина од италијанскиот зачин. Сервираме топли и одма дегустираме.
Наздравуваме со бело вино.
Наздравје овааа несекојдневна, но раскошна убавина. Во план ми беше и плаво сирење по малку да ставам ама, заборавив.