Испечати

Триаголници со тостиран сусам

Триаголници со тостиран сусам

Состојки

  • 200гр тостиран сусам
  • 160гр мед
  • 120гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица полна гаја крем
  • 150гр путер
  • 200гр мелени бисквити
  • 100гр мелен орев
  • 3-4 лажици млеко
  • 1 ванила, по желба

Подготовка

Подготовка:

1. Во мала касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат чоколадото, млекото, чоко кремот, медот и путерот. Тргаме од оган и ја изедначуваме цела смеса. Се додаваат сусамот, бисквитите и оревите.
2. Изедначената смеса се става во калап триаголник, кој е обложен со хартија за печење или прозирна фолија, убаво се израмнува и се остава во фрижидер да се излади, 2 часа. Потоа се сечe на парчиња и се сервира.
Може да се постави смесата на даска за колачи, да се израмни, па да се сечи на коцки или штангли.