Колач со јаболки
Состојки
- За премачкување на калапот
- 40г путер
- 50г шеќер
- 1 лажичка цимет
- Суви состојки
- 100г шеќер
- 120г кафеав шеќер
- 350г брашно
- 1,5 лажичка сода бикарбона
- 1 ванилин шеќер
- пола лажичка сол
- 1,5 лажичка цимет
- Течни состојки
- 3 јајца
- 180мл маслиново масло
- 180г пире од јаболки
- 3 големи јаболки (или 4 помали)
- Глазура
- 150г шеќер во прав
- 5-6 лажици слатка павлака
- течна ванила арома
Подготовка
Подготовка
1. Калапот го премачкуваме убаво со путер. Шеќерот и циметот ги мешаме и ги наросуваме во калапот. Го вртиме калапот убаво под агол секаде да биде обложен.
2. Јаболките ги лупиме, чистиме и ги сецкаме.
3. Сувите состојки ги мешаме во длабок сад.
4. Во подлабок сад ги мешаме сите течни состојки со жица. Постепено ги додаваме сувите состојки и мешаме. На крај ги додаваме јаболките и мешаме со лажица.
5. Ја истураме смесата во спремниот калап и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 1 час.
6. По печењето го оставаме колачот во калап 10 минути, а потоа го вадиме внимателно на решетка целосно да се олади.
7. За глазурата ги мешаме сите состојки. Треба да биде густа, но течна смеса. Ако има потреба додаваме повеќе слатка павлака. Ја истураме глазурата врз оладен колач.
На здравје!