Испечати

Пинџур со колбаси и кисела вода

Пинџур со колбаси и кисела вода

Состојки

  • 300 гр колбаси
  • 250 мл кисела вода
  • 1/3лажиче сол по вкус
  • 2големи патлиџани
  • 5-6 парчиња пиперки
  • 1лажиче брашно
  • 1главица кромид

Подготовка

Подготовка:

1. Запржете ги колбасите. Кога се пржени извадете ги од маслото. Во истото масло запржете го кромидот. Додадете пиперките и крупно сецканите патлиџани. Нека се пропржи. Зачинете со сол. Додадјте 250 мл кисела вода. Покријте и оставете да крчка малку.
2. По 5-6 минути, разматете едно мало лажиче брашно. Додајте го во смесата, па вратете ги колбасите назад во тавата. Промешајте и оставете уште кратко да покрчка.
На здравје.