Испечати

Ќофте во паста

Ќофте во паста

Состојки

  • 1 пакетче Reggia тестенини
  • 2 литри вода
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 1 морков
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажиче италијански зачин
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 1 ловоров лист
  • За ќофтенцата
  • 300 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 мало јајце
  • сол и зачини по желба
  • 2 лажици презла
  • магдонос или свеж копар по желба

Подготовка

1. Изрендајте го кромидот и потоа измешајте го со останатите состојки за ќофтенца. Измесете убаво и оставете го половина час во фрижидер. Потоа правете минијатурни ќофтенца кои во тенџерето во кое ќе готвите ќе ги испржите на малку масло.

2. Испржените ќофтенца тргнете ги на страна и во мрснотијата додадете многу мала коцка путер, па сечканиот кромид, пиперка и морков. Откако ќе бидат при крај со пржењето, додадете го и лукот, па за кратко време и црвениот пипер. Измешајте и налејте ја водата.

3. Кога водата ќе зоврие додадете ги тестенините и оставете на средна температура, со покриен капак, да се сварат. Пред да бидат готови, додадете ги зачините, а потоа пржените ќофтиња, доматниот сос и ловорот. Нека повари уште неколку минути и готово е.

*Во зависност од тоа колку ќе дозволите да испари течноста, можеби ќе ви треба да додадете уште малку вода.