Кекс со суви, црни сливи, кандирани вишни и семки од сончоглед
Состојки
- 2 јајца
- 120гр шеќер
- 270 гр грчки, густи јогурт или кисела павлака
- 180мл масло
- 1/4лажиче сол
- 1 пециво
- 300гр брашно
- 1лажиче рум
- 20мл сок и по желба и кора од портокал
- 100гр суви сливи
- 100гр кандирани вишни
- 50 гр семки од сончоглед
Подготовка
Еве од мене уште еден предлог за многу кревок, вкусен и декоративен кекс.
1. Во еден сад ги соединуваме сончогледот, сецканите црни сливи и сецкани кандирани вишни. Попрскуваме со рум и оставаме 15 минути на страна.
2. Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и матиме до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме маслото, сокот од портокал и грчкиот јогурт. Промешуваме со шпатула.
3. Во садот со сливи, вишни и сончоглед ги додаваме брашното и пецивото. Промешуваме за да се обложат убаво, со цел во печењето да не паднат на дното. Овие состојки ги соединуваме со јајцата.
4. Изедначената смеса ја истураме во долгнавест калап за леб, обложен со хартија. Печиме околу 30 минути на 180 степени. Проверуваме со чепкалка.
5. Испечениот кекс го оставаме на решетка да се излади. Сечеме на парчиња и сервираме.
Уживаме во вкусот.