Испечати

Мафини со рендан морков, кокос и брусница

Мафини со рендан морков, кокос и брусница

Состојки

  • 2 јајца
  • 140гр шеќер
  • 1 ванила
  • 2лажици млеко
  • 140мл сончогледово масло
  • 140гр брашно
  • 50гр сува брусница
  • 50гр кокос
  • 200гр рендан морков, чиста тежина
  • 1лажиче пециво
  • 1/4лажиче цимет
  • шеќер во прав за декорација

Подготовка

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата и шеќерот. Се мати додека побелат. Со исклучен миксер ги додаваме течните состојки, млеко и масло. Промешуваме.
2. Сите суви состојки ги соединуваме прво во еден сад, убаво промешуваме, па ги додаваме во течните состојки. Соединуваме.
3. Смесата ја распоредуваме во калап за мафини. Излегуваат 12 мафини. Печeме околу 25 минути, на 180 с. Сепак проверуваме со чепкалка. Оставаме да се изладат, па сервираме.