Куглоф со двојно чоколадо
Состојки
- Тесто
- 2 чаши брашно
- 60г какао
- рамна лажичка пециво
- на врв на лажичка сода бикарбона
- пола лажича сол
- 150г путер (собна температура)
- 1,5 чаши шеќер
- 2 јајца
- 2 лажички ванила
- 1 чаша јогурт
- 1 лажичка инстант кафе
- 30мл врела вода
- 50г чоколадо (ситно сецкано)
- Глазура
- 150г темно чоколадо
- 60мл слатка павлака
- прстофат сол
Подготовка
Подготовка
1. Сувите состојки ги мешаме во подлабок сад (брашно, какао, пециво, сода, сол).
2. Во посебен сад го матиме путерот со шеќерот. Ги додаваме јајцата едно по едно, а потоа и ванилата. Напоредно додаваме дел од сувите состојки, па дел од јогуртот. Го раствораме кафето во водата, го додаваме во смесата и матиме убаво. На крај го додаваме чоколадото (јас користев млечно, но може и темно). Мешаме со лажица.
3. Во убаво намрсен калап за куглоф, ја додаваме смесата и израмнуваме. Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути. По печењето го оставаме колачот во калап 10тина минути, а потоа го вадиме на решетка за целосно да се олади.
4. За глазурата, чоколадото ситно го сецкаме и го оставаме во средно длабок сад со малку сол. Слатката павлака ја загреваме на кратки интервали во микро или на шпорет до пред зовривање. Ја истураме врз чоколадото и оставаме неколку минути, па потоа мешаме до целосно растопување на чоколадото.
5. Додека е сеуште топло чоколадото го истураме врз колачот. Ја протресуваме малку решетката за убаво да се растече.
*чашата е од 250мл
На здравје!