Испечати

Чоколадни крофнички од апарат

Чоколадни крофнички од апарат

Состојки

  • 150 гр чоколадо
  • 100 гр путер
  • 350 мл млеко
  • 160 гр шеќер
  • 3 јајца
  • околу 400 гр брашно
  • 40 гр какао
  • 1 пециво
  • 1/4 лажиче сол
  • околу 200 гр чоколадо за глазура

Подготовка

1. Се топат заедно чоколадото, путерот и млекото. Откако ќе изладат, во нив се мешаат, со жица, јајцата и шеќерот и потоа се додаваат останатите состојки. Брашното додавајте го постепено и ако има потреба, т.е. ако ви се лепат, додајте уште малку.

2. Од смесата се става во калапите на апаратот за крофни и се печат по неколку минути.

3. За глаизрање користени се 3 вида на чоколадна табла, црна, бела и розева со вкус на јаготки.