Хумус од црн грав
Состојки
- 125 гр црн грав
- 1 лажица таан
- сок од половина лимон
- 1 рамно лажиче сол
- 1 рамно лажиче кумин
- 3 чешниња лук
- 25 мл маслиново масло
- околу 1/2 чаша вода во која се варел гравот
- 1 луто пиперче (феферонка)
- грст магдонос
Подготовка
Подготовка:
1. Сварете го гравот и исцедете го.
2. Потоа сите состојки се ставаат во блендер и се соединуваат до кашест изглед.
3. Водата од гравот и солта не ги додавајте одеднаш. Додадете прво помалку, па потоа регулирајте на крај за соленост и густина. Одлично оди со чипс и крекери.