Пинаколада чизкејк (веган)
Состојки
- Основа
- 100г бадеми
- 50г кокос
- 150г урми (15тина урми)
- прстофат сол
- Фил
- 280г индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
- 350г свеж ананас (исчистен и исецкан на коцки)
- 100мл јаворов сируп
- пола лажичка екстракт од рум
- 100г кокосово масло (стопено)
- Декорација
- 3-4 лажици кокосов чипс
Подготовка
Подготовка
1. За основата ги обработуваме сите состојки во процесор, до целосно соединување. По желба може да се додаде и засладувач (јаворов сируп, агаве), но јас мислам дека урмите беа доволно благи. Ја натапкуваме смесата на дното на нелеплив калап за чизкејк (20цм) и оставаме во фрижидер.
2. Ананасот го обработуваме во блендер или процесор. Со помош на цедалка го одвојуваме сокот од пулпата. Треба да добиеме 120 мл сок. Ако нема доволно сок додадете вода. Пулпата ја чуваме во посебен сад во фрижидер за подоцна.
3. Сите состојки за филот ги ставаме во блендер (индиски ореви, јаворов сируп, сок од ананас, екстракт од рум, кокосово масло). По вкус може да се додаде повеќе јаворов сируп. Обработуваме додека да добиеме сосема мазна смеса. Ја истураме смесата врз подготвената основа. Оставете во фрижидер преку ноќ.
4. Пред послужување ја распоредуваме пулпата од ананас врз чизкејкот и декорираме со кокосов чипс.
На здравје!