Солени крофнички од апарат
Состојки
- 2 јајца
- 1/2 лажиче сол
- прстофат шеќер
- 200 мл јогурт
- 100 мл масло
- 15 лажици брашно
- 1 пакетче прашок за печење
- 120 гр солена изварка
- 120 гр салама
Подготовка
Подготовка:
1. Саламата исечкајте ја на ситни коцкички.
2. Убаво се матат јајцата, па со жица или најмала брзина на миксерот се додаваат редоследно состојките.
3. Од тестото се става по 1 лажица во апаратот за крофни и се печe.
4. Готовите крофнички можи да ги дополните потоа со малку мајонез и гранчиња магдонос.