Испечати

Тарт со путер од кикирики

Тарт со путер од кикирики

Состојки

  • 250 мелени бисквити
  • 120г стопен путер
  • 200г крем сирење (собна температура)
  • 100г путер од кикирики
  • 200мл слатка павлака
  • 100г шеќер во прав
  • ванила арома
  • неколку коцки чоколадо (стопено), кикирики

Подготовка

Подготовка:

1. Мелените бисквити ги мешаме со стопениот путер. Јас користев мешавина од мелени орео колачиња и плазма кекс. Смесата ја натапкуваме во калап за тарт (22цм округол или долгнавест 35х10цм). Оставаме во фрижидер.
2. Крем сирењето го матиме со путерот од кикирики. Во посебен сад ја матиме слатката павлака со шеќерот во прав и ванилата. Ја додаваме изматената слатка павлака во смесата со крем сирење и путер од кикирики. Мешаме со лажица, до соединување.
3. Филот го додаваме врз подготвената основа со помош на слаткарски шприц.
Декорирав со неколку коцки стопено чоколадо и печени несолени кикирики. Оставаме во фрижидер најмалку 4 часа или најдобро преку ноќ.
На здравје!