Црн колач со суво грозје и брусница
Состојки
- 5 белки
- 2 цели јајца
- 1 чаша шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1/2 чаша зејтин
- 1 чаша бело брашно
- мешано суво грозје и брусница-две полни раце
- пола чаша мелени или кршени ореви, по желба
- рендана кора од портокал или лимон, по желба
- 1 мала лажичка какао
- 1 супена лажица мармалад, по желба
Подготовка
Подготовка:
1. Белките и целите јајца се матат убаво со шеќерот и ванилиниот шеќер.
2. Потоа постепено се додаваат сите преостанати состојќи.
3. Се пече на 170 степени, отприлика половина час. Домот ќе ви мириса прекрасно, додека се пече овој вкусен колач.
Добар апетит!