Тартар сос (за похована даска)
Состојки
- 1 мала (180гр) Павлака
- 1 ќесенце Мајонез
- 1 мало ќесенце (45гр) Сенф
- 3-4 Кисели краставички (рендани)
- по вкус Сол, копар
Подготовка
Тартар сосот се користи во многу комбинации, но убедливо најубав вкус му дава на похованото пилешко месо и похованите јадења. Количините за тартар сосот според потребата може да се зголемат.
Подготовка:
1. Краставичките изрендајте ги на најситниот дел од рендето.
2. Во некој сад ставете ги мајонезот, павлаката, сенфот, ренданите краставички и зачинете со сол и копар (и црн бибер по вкус). Убаво промешајте додека сите состојки да се соединат.
Забелешка - За љубителите на лук, можете да додадете и 1 чешне ситно исецкан лук.
На здравје!