Солена пита со лиснато тесто, карамелизиран кромид и пилешки гради
Состојки
- 250 гр лиснато тесто
- 1 голема главица кромид
- 2лажици масло
- 1/4 лажиче кафен шеќер
- 1лажиче балсамико оцет
- Сол и бибер
- 200 гр остаток од печено пиле, кај мене пилешки гради
- 3,4 листови кашкавал, гауда
- 1 црвен домат
- Оригано, босилек
- по желба и сецкана лута пиперка
Подготовка
Еве предлог за еден убав, солен тарт или пита.
Подготовка
1. Одмрзнатото лиснато тесто, со помош на сукало малку го истанчуваме. Го ставаме во правоаголен плех.
2. Во тава ставаме масло. Го додаваме кромидот сечен на месечинки. Пржиме околу 10 минути.
Кога ќе добие кафева боја, додаваме кафеав шеќер и балсамико. Оставаме да се карамелизира. Зачинуваме со сол и бибер. Оставаме да се излади.
3. Потоа, кромидот го ставаме врз лиснатото тесто. Врз него ги ставаме иситнетите печени пилешки гради. Врз нив ставаме парчиња кашкавал. Редиме кругови црвен домат. Попрскуваме со оригано, босилек.
4. Печеме околу 25 минути во загреана рерна.
Сервираме топло.
Послужуваме со бело, мускатно вино