Мешана овошна салата со ананас
Состојки
- пола Диња (зелена)
- пола Диња (жолта)
- нек.парчиња Ананас
- 10-на Малини
- 20-на Боровинки
Подготовка
Подготовка:
1. Дињата ја сецкаме на помали и тенки парчиња. Ананасот излупете го од горната тврда кора, потоа отстранете го тврдиот дел од средината. Исецкајте го и него на мали тенки парчиња.
2. Наредете ги во чинија. Врз нив ставете малини и боровинки. Одозгора додадете лимонов сок и доколку не е многу благо овошјето, ставаме и мед.
3. За подобар вкус додадете јаткасти плодови по ваш избор.
На здравје!