Испечати

Овошна салата со киноа

Овошна салата со киноа

Состојки

  • 1 праска
  • 1 банана
  • 1-2 модри сливи
  • 3-4 смoкви
  • 1 филџанче за турско кафе киноа
  • сок од 1/2 лимон
  • 1 лажица мед

Подготовка

Подготовка:

1. Овошјето исечкајте го на коцки.
2. Киноата сварете ја спрема упатството на ќесичката, потоа убаво исцедете ја. Измешајте го исечканото овошје и киноата.
3. Сокот од лимон и медот, исто така, измешајте ги, па соединете ги со овошјето. Истурете ја салатата во чинии со форма која вие ќе ја изберите и послужете.