Куглоф со мармалад и јаболко, прелиен со темно чоколадо
Состојки
- 2 јајца
- 1 ванила
- 1 средно, рендано јаболко
- 3 лажици мармалад, кај мене од киви и портокал
- 300гр брашно
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 90 мл масло
- 180 гр шеќер
- Прелив
- 80гр квалитетно чоколадо
- 30гр путер
- Шарени трошки
Подготовка
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата. Матиме со миксер, додека смесата не побели и го зголеми својот волумен. Со исклучен миксер ги додаваме маслото, ренданото јаболко, мармаладот, соединетите брашно и сода бикарбона. Убаво со лажица, мешајќи само во еден правец, ја изедначуваме цела смеса.
2. Ја истураме во куглоф калап, кој е танко намастен и посипан со брашно. Печeме околу 40 минути, но сепак проверуваме со стапче за ражничи. Испечениот Куглоф, го ставаме на решетка да се излади. Над пареа ги растопуваме чоколадото и путерот. Го прелеваме куглофот и нежно го декорираме со ситни, шеќерни трошки.
Сечеме на парчиња и го послужуваме.