Овошни ражничи
Состојки
- 1 банана
- 1 парче диња
- 1 парче лубеница
- 1 поголема праска
- 16тина зрна грозје
- 4 стапчиња за ражничи
Подготовка
Овие ражничи изгледаат преубаво и слободно може да се служат и на коктели. За да се зачува овошјето од потемнување, треба да се прелее со лимонов сок. Од овие состојки се прават 4 ражничи.
Припремата е едноставна. Се сече овошјето на коцки (без грозјето) и се реди на ражничите, по ваш редослед.
На здравје.