Испечати

Мини Ѓевречиња

Мини Ѓевречиња

Состојки

  • пола коцка Квасец
  • 50 мл Вода (млака)
  • 1 м.л. Шеќер
  • 100 мл Масло
  • 250 мл Млеко (млако)
  • 2 м.л. Сол
  • околу 500 гр Брашно
  • За валкање на ѓевречињата
  • 50 мл Млеко (на собна температура)
  • 200 гр Сусам

Подготовка

Превкусен појадок, кој за час го снема.

Подготовка:

1. Најпрво го раствараме квасецот во млаката вода, заедно со шеќерот и малку брашно. Оставаме да се активира 10-на минути.
2. Потоа го замесуваме тестото со додавање на останатите наведени состојки.
3. Тестото веднаш го делиме на 20 исти топчиња (по околу 45 гр). Топчињата ги покриваме да не се сушат и ги оставаме да одморат, 10-15 минути.
4. Сега правиме од секое топче пури, кои ги потопуваме прво во млекото, па во сусамот.
5. Ги формираме пурите како на сликата и ги редиме во плех врз хартија за печење. Ги покриваме со чаршафче, да не се сушат и ги оставаме да стасаат околу пола час.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени до поруменување. Јас печев околу 40-на минути ама вие проценете според тоа како пече вашата рерна.
7. Ги послужуваме топли со чаша јогурт, сирење, кашкавал, ајвар. По вкус.

На здравје!