Паста чипс
Состојки
- 160 гр. тестенини
- 2 кг. вода
- 1 лажица крупна сол
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица концентрат од домати
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажица пармезан
- попотреба црн пипер
Подготовка
Подготовка:
1. Тестенините сварете ги во солена вода, исцедете ги од водата и додајте ги во длабок сад.
2. Зачинете ги со црн пипер, црвен пипер, концентрат од домати, маслиново масло, пармезан и распоредете ги во тава за печење обложена со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна, 10 минути, на 200 степени. Послужете ги со вашиот омилен сос или крем сирење.
На здравје.