Испечати

Здрав гранола десерт

Здрав гранола десерт

Состојки

  • За гранола
  • 100 гр. овесни снегулки
  • 30 гр. печени лупени лешници
  • пола лажичка цимет
  • 10 гр. какао
  • прстофат сол
  • 30 гр. сечкано чоколадо
  • 20 гр. сончогледови семки
  • 50 гр. урми
  • 30 мл. вода
  • 1 лажица путер од бадеми
  • попотреба естракт од ванила
  • За декорација
  • 500 гр, овошен јогурт
  • 200 гр. овошје
  • попотреба мента

Подготовка

Подготовка:

1. Подготовка на гранолата- Урмите ги чистиме од семињата и ги блендираме заедно со водата. Потоа, ги додаваме, во длабок сад, со сите преостанати состојќи за гранолата и мешаме со лажица додека смесата не стане хомогена. Гранолата ја распоредуваме во тава за печење, обложена со хартија за печење и печeме 30 минути, на 180 степени.
2. Во чаши ја додаваме изладената гранола, јогуртот и овошјето по желба. Ја служиме со свежи листови мента.
На здравје.