Испечати

Колоритна овошна салата

Колоритна овошна салата

Состојки

  • 50 гр. малини
  • 50 гр. боровинки
  • 1 банана
  • 50 гр. рибизли
  • 3 праски
  • 1 лимон
  • 2 лажици шеќер
  • 30 гр. свежа мента
  • 100 гр. слатка павлака
  • по потреба чипс од чоколадо

Подготовка

Подготовка:

1. Лимонот го цедиме и го додаваме во сад, на оган, со ментата и шеќерот. Го острануваме од оган кога сокот ќе зоврие. Го оставме да се олади.
2. Овошјето го миеме, бананата ја лупиме и сечeме на кругчиња, а праските на кришки. Го редиме во чинијата. Оладениот сок го цедиме од ментата и со него го преливаме овошјето.
Овошната салата послужете ја со матена слатка павлака и чипс од чоколадо.
На здравје.