Испечати

Лиснати стапчиња со кашкавал

Лиснати стапчиња со кашкавал

Состојки

  • 250 гр. готово лиснато тесто
  • 100 гр. кашкавал
  • 30 гр. пармезан
  • 1 жолчка од јајце
  • попотреба свеж босилок, маслиново масло и лук

Подготовка

Подготовка:

1.Тестото го расукуваме во квадратна форма, го наросуваме со кашкавал и пармезан и преклопуваме на два дела. Повторно го расукуваме уште малку, го премачкуваме со жолчката и го наросуваме со кашкавал.
2.Тестото го сечеме на стапчина и го моткаме, формирајќи форми како бургии. Стапчињата ги печеме во загреана рерна на 200 степени, околу десетина минути.
3. Босилокот го сечкаме на ситно и го мешаме со маслиновото масло и ренданото лукче.
4. Топлите испечени стапчиња ги премачкуваме со босилокот, маслиновото и лукчето.
На здравје.