Пиварки
Состојки
- 250 мл пиво
- 500 мл масло
- 6 лажици гриз
- 1 пециво
- 2 ванила
- 950 гр брашно
- Шербет
- 700 гр шеќер
- 500 мл вода
- сок од половина лимон
- За увалување
- 100 гр кокос
- 100 гр мелени ореви
- јатки ореви за полнеж на колачите
Подготовка
Подготовка:
1. Се става во вангла пивото, маслото, пецивото, ванилата и се остава да поврие течноста. Потоа се додава гризот и брашното. Се замесува тесто и се прават топчиња со големина на орев.
2. Во секое топче се става орев и се редат топчињата во плех од шпорет. Плехот не се подмачкува зошто има доволно масло во тестото.
3. Се печат колачите на 200С-25мин. Се оладуваат.
4. Шербетот се вари 5мин и на крајот се додава лимонот. Се попаруваат оладените колачиња и се оставаат 2 часа да впијат од шербетот. Целиот ќе го упијат.
5. На крајот се валкаат во кокос или во ореви.