Брзо и евтино тирамису
Состојки
- Околу 300 гр (3 пакетчиња) пишкоти
- 300 мл вода
- 2-3 лажици нескафе
- 1 ќесиче рум шеќер (или 2 лажички рум)
- Фил
- 0,5 литри слатка павлака
- 220-250 гр шеќер во прав
- 0,5 кг кисела павлака
- 25 гр нескафе
- 2 лажички рум
Подготовка
Подготовка:
1. Се раствора нескафето со водата за пишкотите. Може да го сварите или убаво да го измешате. Јас го мешав во топла вода и оставив скоро да излади. Секако, ако користите рум шеќер, ќе го додадете на крај и тој да се размеша.
2. Пишкотите потопете ги кратко, во раствореното кафе и наредете еден слој во калап со димензии 20х30.
3. Изматете ја слатката павлака, без да ја прематите, додајте ги едно по едно шеќерот, па киселата павлака, кафето и румот. Мене не ми стигна доволно кисела павлака, па дополнив со маскарпоне. 450 гр павлака и 150 гр маскарпоне. Излезе одлично!
4. Половина од кремот премачкајте врз пишкотите, потоа наредете на ист начин уште еден ред пишкоти и на крај премачкајте ги со останатиот крем. Најгоре поросете со какао и ставете во ладилник, да се зацврсти пред да послужите.