Здрави мини палачинки од овесни снегулки и банана
Состојки
- 1 банана
- 1 јајце
- 1 филџан млеко (плус ако има потреба)
- 2 филџани овесни снегулки
- по 3 лажици боровинки и капинки
- 1 лажица сецкани ореви
- 2-3 лажици мед или сируп од урми
Подготовка
Откако го пробав овој рецепт, класичните палачинки станаа минато за мене. Здрава варијанта, превкусна, јадете без чувство на вина. Комбинација со боровинки, капинки, ореви и сируп од урми. Да го довршам пишувањето на рецептов, ќе станам ќе си направам една порција. Потребните состојки одговараат на количината како на фотката.
Подготовка:
1. Сите состојки се ставаат во блендер, користев нутри булет. Ако смесата е прегуста, се додава млеко или вода по желба. Треба да добиете смеса со нормална густина како за палачинки.
2. Потоа печењето е нормално како за обични мини палачинки. На намастено тавче се истура од смесата 4 пати, за да печете 4 палачинки истовремено. На секоја тура, тавчето се намастува.
3. Палачинките се редат во поголема чинија и одозгора се реди овошјето, па се истура сирупот па се додаваат оревите.
На здравје.