Тостерки со лимон
Состојки
- кора 1 од лимон
- 2 јајца
- 8 лажици шеќер
- 100 мл масло
- 100 мл млеко
- 500 гр брашно
- 1 ванила
- 1 пециво
Подготовка
Подготовка:
1. Во сад се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата и се матат со жица за матење. Се додава млекото и маслото и пак убаво се разматува. На крајот, се додава постепено брашното измешано со пецивотo и се замесува глатко тесто .
2. Се прават топчиња и се печат во загреан тостер. Овие се колачиња таман за на плажа. Многу излегуваат и заситуваат.
На здравје!