Испечати

Рустична пита со тиквички

Рустична пита со тиквички

Состојки

  • 3 средни тиквички
  • пола кромид
  • 100 гр. димена сланина
  • 250 гр. готово тесто, може и лиснато
  • 3 јајца
  • 200 мл. неутрална павлака
  • попотреба сол, црн пипер и масло за јадење

Подготовка

Подготовка:

1. Тиквичките расечете ги на крукчиња, а потоа на половинки. Кромидот и сланината ситно исечкајте ги.
2. Во тава на оган додадете ги тиквичките, кромидот, сланината и маслото за јадење и пржете додека не омекнат и загуменат.
3. Тавата за печење обложете ја со хартија и распоредете го расуканото тесто.
4. Во тавата за печење со тестото додајте ги изпржените тиквички со сланина и кромид.
5. Во сад за матење разматете ги јајцата со павлаката и солта и прелијте врз смесата со тиквичките.
6. Формирајте ги краевите на пита и печете ја питата во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

На здравје.