Ориентални тиквички
Состојки
- 2 тиквички
- 1 лажица брашно
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица соја сос
- 1 чешне лук
- 10 мл. маслиново масло
- попотреба сол, црн пипер и сусам
Подготовка
Подготовка:
1. Тиквичките исечкајте ги на четвратнки и ставете ги во длабок сад.
2. Насолете ги, зачинете ги по вкус и додајте им ги брашното, црвениот пипер и размешајте ги со лажица.
3. Во тава на оган додајте го маслиновото масло и тиквичките и пржете додека не омекнат и заруменат.
4. Отстранете ги од оган, додајте им ги соја сосот и ренданото лукче, размешајте ги и послужете ги со сусам.
На здравје.