Испечати

Ролат со тиквички

Ролат со тиквички

Состојки

  • Кора
  • 2 тиквички
  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 100 гр рендан кашкавал
  • сол и бибер по вкус
  • Фил
  • 300 гр изварка
  • 250 гр кисела павлака
  • 250 гр шунка
  • 2 лажици мајонез
  • сол по вкус

Подготовка

Подготовка:

1. Тиквичките измиjте ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Посолете ги малку и откако ќе постојат неколку минути и ќе ја пуштат водата, убаво исцедете ги.
2. Белките изматете ги во цврст снег, додајте ги жолчките една по една, додајте ги исцедените тиквички, брашното, ренданиот кашкавал и измешајте.
3. Печете на плех, прекриен со хартија (хартијата премачкајте ја со малку масло) на 180 степени, отприлика половина час. Печената кора завиткајте ја во ролат заедно со хартијата.
4. За филот измешајте ја изварката со павлаката и мајонезот, додајте сол и бибер по вкус.
На изладената кора ставете ја половината од филот, наредете ја преку целата површина со тенко исечената шунка, па преку неа ставете ја и другата половина од филот. Завиткајте го ролатот, стегнете го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер неколку часа, убаво да се стегне.
На здравје!