Плескавици од тиквички во рерна
Состојки
- 450 гр. тиквички
- 80 гр. презла + за увалкување
- 40 гр. пармезан
- 100 гр. фета сирење
- 100 гр. крем сирење
- попотреба магданос, сол, црн пипер и маслиново масло
Подготовка
Подготовка:
1. Тиквичките изрендајте ги, насолете ги и оставете да се цедат од водата, во цедалка, еден до два часа.
2. Откако тиквичките ќе се исцедат, во длабок сад измешајте ги со презлата, фетата, крем сирењето, магданосот, пармезанот, солта и црниот пипер, додека смесата не стане хомогена. Од сместа формирајте плескавици, увалкајте ги во презла и наредете ги во тава за печење обложена со хартија за печење.
3. Плескавиците премачкајте ги со маслиново масло и печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути..
На здравје.