Десерт со јаболка и сладолед
Состојки
- 2 Јаболка
- 4 топки Сладолед по желба
- 1 лажиче Цимет
- 50 гр Шекер
Подготовка
Подготовка:
1. Пресечете ги јаболката на половини, извадете ја внатрешноста, исечете ја на коцки и ставете ја во сад. Коцките од јаболката посипете ги со шекер, додајте цимет, промешајте.
2. Со ова наполнете ги половинките од јаболката, одозгоре ставете путер и печете во рерна околу 15 минути. Додека се топли јаболката ставете топче сладолед. Украсете со капини или друго овошје по желба.
Добар апетит!