Испечати

Таљатели со пилешко и брокула во кари сос

Таљатели со пилешко и брокула во кари сос

Состојки

  • Состојки
  • 500 гр таљатели
  • 500 гр пилешки стек
  • 100 гр чадена сланина
  • 2 чешниња лук
  • 200 гр брокула
  • 700 гр неутрална павлака за готвење
  • 1 лажичка зачин од сушен зеленчук
  • 2 лажички кари
  • 1 лажичка мешавина зачини (босилок, оригано,мајчина душица)
  • 3 лажици маслинов зејтин

Подготовка

Кој е љубител на тестенини, овој рецепт нема да го остави рамнодушен.

Подготовка:

1. Прво го запржуваме ситно исеченото лукче, со сланината исечена на коцки. Во исто време ја ставаме брокулата исечена на помали цветови да се обари кратко.
2. Откако ќе се запржат лукчето и сланината , се додава пилешкиот стек исечен на парчиња (со должина отприлика 1,5 сантиметри).
3. Кога ќе се додаде пилешкиот стек кон сланината, паралелно на друга рингла се става вода со сол да се загрева, за да ги свариме таљателите. Кога ќе зоврие водата се варат тагателите според упатството, се мијат со ладна вода и им се додава маслинов зејтин.
4 .Кога ќе се запржи и пилешкиот стек, се додава зачинот од сушен зеленчук, кари и мешавината зачини. На крај се додава и неутралната павлака. Да поврие кратко и со овој сос се полеваат таљателите. На крај се додава и брокулата.
На здравје ручек.