Јачменова пица
Состојки
- 300 гр јачменово интегрално брашно
- 1 лажичка чиа семе
- 1 лажица сусам (или семиња по желба)
- 200 мл топла вода
- 1 лажичка сол
- 2 лажици маслиново масло
- кулен по ваш вкус
- 125 гр моцарела во вода
- 2 до 3 сечкани печурки
- 1 среден домат
- малку оригано
Подготовка
Подготовка:
1. Брашното, семињата и солта измешајте ги. Додадете масло и вода и замесете тесто.
2. Тестото положете го во тава обложена со хартија за печење. Потпечете го 10 минути во згреана рерна на 180 степени.
3. Потоа извадете го, наредете домат, исечен на парчиња, наросете оригано, па ставете печурки, кулен и моцарела. Всушност, зајрето може да биде по ваш вкус. Јас наместо кечап ставив домат, зашто така ми е повкусно, но вие можете и доматен сос, доматно пире итн. Тестото е многу вкусно и здраво, и добивате вкусен, а не толку калоричен појадок. На здравје.