Десерт од палачинки со ванила крем, прелив од малини и сладолед
Состојки
- 8 до 10 палачинки по ваш рецепт
- Ванила крем
- 300мл млеко
- 2.3лажици шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 2лажици кисела павлака
- 100мл слатка павлака
- Прелив од малини
- 250гр малини
- 2.3лажици шеќер
- 70 мл вода
- По желба и кора од лимон
- топки сладолед од шумско овошје, или карамел. чоколадо......
Подготовка
Подготовка:
1. Прво палачинките ги пржиме на наш стандарден начин. Го подготвуваме ванила полнењето.
2. Во тенџере ставаме млеко, шеќерот, пудинг. Промешуваме и убаво го раствораме. Вариме на тивок оган до згуснување. Повремено го промешуваме да се излади и да не фати коричка.
3. Потоа додаваме многу малку изматена слатка павлака и кисела павлака. Соединуваме се заедно со миксер. Оставаме на страна.
4. Во тенџере ги ставаме малините, водата и шеќерот. На тивок оган вариме околу 7,8 минути.
Потоа цела смеса ја процедуваме низ цедалка, да ги отстарниме семчињата и убаво да добиеме само пулпа. На секоја палачинка ставаме полна лажица ванила фил. Краевите ги завиткуваме навнатре и ги превиткуваме. Ги сервираме во чинија и ги попрскуваме со малинестиот сос.
*Забелешка: Јас дел од палачинките ги исеков на мали парчиња, ги сервирав во чаша за сладолед, прелив со сос од малини и додадов топка сладолед.
Вистинско летно уживање е десертов.