Фрут Коблер, овошен десерт со праска и сладолед
Состојки
- 100 гр путер
- 140 гр брашно
- 130 гр шеќер
- 1 кафено лажиче пециво
- 20мл млеко
- 4 праски
Подготовка
Најпрво би сакала збор два за името на овој десерт.
Навистина не знам како точно да го преведам од англиски, се трудев да најдам и на интернет соодветен превод, нo не успеав. Инаку ова е десерт кој многу лесно се прави, а е превкусен.
За прв пат го пробав на 4 јули, на денот на независноста на САД, кај една фамилија која доаѓа од таму, и може да се каже дека е традиционален американски десерт.
Подготовка:
1. Во правоаголно сад, бр 30, го ставаме сецканиот путер на коцки, и го ставаме во загреана рерна да се стопи убаво.
2. Во меѓувреме ги лупиме праските, ги сечеме на парчиња и во чинијата малку додаваме шеќер.
3. Во друг сад ги матиме брашното, шеќерот, пецивото и млекото, неколку минути, со миксер. Штом е стопен путерот ја додаваме смесата и ги ставаме праските од горе.
4. Повторно садот го ставаме во рерна и продолжуваме да ја печеме питата, додека не добие убава кафена боја.
Ова е десерт кој се става топол во чинивче и тоа со лажица буквално се црпи. Од горе се додава топка сладолед. Наместо праски може да се додаде било кое овошје.
На здравје.