Салата од компири
Состојки
- Сос
- 4 лажици јогурт
- 2 лажици лимон
- 4 лажици маслиново масло
- Салата
- 1/2 кг варен компир
- 2 млади кромитчиња-може и стар кромид
- 200 гр сирење
- 100 гр маслинки
- сол бибер по желба
- семки од тиква
Подготовка
Подготовка:
1. Се варат компирите со лушпа. Се лупат и се сецкаат на коцки. Се прелива со сосот убаво додека се топли компирите за да се впијат состојките.
2. Се дроби сирењето и се сецка кромидот. Сето ова убаво се меша и се поросува со семки од тиква или сончоглед. Се остава да олади и се дегустира.