Бомбици со овесни снегулки и лешници (посно, без масло)
Состојки
- 1 не многу голема зрела банана
- 100гр. овесни снегулки
- 1 рака лешници
- 2 лажици семки од тиква
- 5 урми
- 1 лажица сирово какао
Подготовка
Подготовка:
1. Во блендер ставете ги овесните снегулки, лешниците и семките од тиква. Изблендирајте да се добие смеса како брашно.
2. Во сад со вилушка испасирајте ја бананата. Додајте ја изблендираната смеса, ситно сецканите урми и какаото. Измешајте убаво.
3. Од смесата формирајте бомбици. Ставете ги во фрижидер малку да се стегнат.
Од овие дози излегоа 12 бомбици.
На здравје!