Попарени кифли (со врело млеко)
Состојки
- 3 Јајца
- 2 коцки Свеж квасец
- 2 м.л. Шеќер
- 4 м.л. Сол
- 300 мл Вода (млака)
- 200 мл Масло
- 500 мл Млеко (врело)
- 1,8 кг Брашно
- За премачкување - јајце, сусам, маргарин
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабок сад за месење ги ставаме јајцата, квасецот, шеќерот, сол, водата и зејтинот. Мешаме да се соединат убаво и квасецот да се растопи. Додаваме 1,5 кг од брашното (просеано) врз него го истураме врелото млеко и мешаме со дрвена лажица, па го замесуваме тестото на меко, со постепено додавање на останатите 300 гр брашно.
2. Го покриваме садот и го оставаме на топло место да стаса тестото. Од стасаното тесто формираме кифли, ги редиме во плех врз хартија за печење. Ги покриваме да не се сушат и ги оставаме да стасаат.
3. Премачкуваме со јајце, ставаме сусам и по некое парче маргарин врз секоја кифла. Печеме во загреана рерна на 220 степени, околу 20-25 минути.
Забелешка - доколку наведената доза ви е голема, намалете сразмерно на количините.
На здравје!