Панакота тарт со јагоди
Состојки
- 120г путер (собна температура)
- 50г шеќер во прав
- 1 јајце
- 160г брашно
- 50г бадемово брашно (или мелени бадеми)
- прстофат сол
- 1 лажица млеко
- 300г свежи или смрзнати јагоди
- 50г шеќер
- малку сок од лимон
- едно пакување желатин (10г)
- 60мл ладна вода (за желатинот)
- 160мл млеко
- 160мл слатка павлака
- 50г шеќер
- ванила
Подготовка
Подготовка:
1. Путерот го матиме со шеќерот, го додаваме јајцето, брашното, бадемовото брашно, солта и млекото.
2. Од тестото формираме плочка, го виткаме во најлонска фолија и ставме во фрижидер околу 30 минути. Откако ќе отстои во фрижидер, го расукуваме во тенка кора која ја префрламе во правоаголен калап за тарт. Го боцкаме тестото со вилушка и печеме во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути. Испеченото тесто го оставме целосно да се олади.
3. Јагодите заедно со шеќерот и сокот од лимон ги вариме околу 5 минути. Ги миксаме со рачен блендер и процедуваме од семчиња. Го растопуваме желатинот (5г) и го додавме во пирето од јагоди. Вака подготвениот фил од јагоди го додаваме во калапот врз изладеното тесто и го ставме во фрижидер.
4. Млекото, слатката павлака и шеќерот ги ставаме во тенџере на оган и загреваме до пред зовривање. Тргаме од оган и додаваме ванила. Кога ќе се олади на собна температура додавме и растопен желатин (5г).
5. Вака подготвениот панакота фил го истураме во калапот врз филот од јагоди.
Враќаме во фрижидер најмалку 6 часа. Откако ќе отстои во фрижидер, пред послужување го вадиме тартот од калапот и декорираме по желба.
На здравје!