Грчка торта
Состојки
- Шербет
- 200 мл вода
- 200гр шеќер
- Бисквит
- 4 јајца
- 1 филџан шеќер
- 1 филџан брашно
- 1 филџан масло
- 1 филџан гриз
- 1 пециво
- 1 лимон
- 200гр мелени и сечкани ореви
- 1 шолја =200мл
Подготовка
Подготовка:
1. Се матат јајцата зедно со шеќерот, додека да побелат. Потоа им се додаваат сите состојки и убаво се изедначува смесата. На крајот се додаваат оревите. Тестото се печи во загреана рерна на 200С-25мин.
2 . Додека се печи тортата, се прави шербетот. Се зоврива за 1 минута и се трга од ринглата.
3. Кога е готова тортата, се попарува со шербетот и поросува со ореви.