Испечати

Њоки во млечен сос и рукола

Њоки во млечен сос и рукола

Состојки

  • 250гр. њоки
  • Сос
  • 1 полна рака рукола
  • 4 полни лажици крем неутрална павлака за готвење
  • 1 полна лажица пармезан
  • по потреба млеко
  • 1 полна лажичка омекнат путер
  • по потреба сол и црн бибер

Подготовка

Подготовка:

Најпрвин подгответе го сосот.

1. Во чаша за рачно блендирање ставете рукола, крем павлака за готвење, пармезан, сол и бибер. Почнете да блендирате со рачен блендер и постепено додавајте млеко додека ја добиете посакуваната густина.

2. Ставете ги њоките да се варат во солена зовриена вода. Готови се штом излезат на површината.

3. Во тава на оган ставете го путерот да се растопи. Додајте го сосот и сварените њоки. Измешајте убаво.

Послужете со наросување од пармезан и малку црн бибер.