Испечати

Пепа пиг колачиња

Пепа пиг колачиња

Состојки

  • 200 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 500 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • 1/3 пециво

Подготовка

Подготовка:

1. Путерот нека не е многу тврд, за да може да се соедини добро со шеќерот и брашното. Додајте го и јајцето, пецивото и ванилата, па замесете убава смеса. Оставете да постои во фрижидер.
2. Извадете и расукајте кора со помош на сукалка. Извадете ги фигурите со пепа ликот, па наредете ги на хартија за печење. Печете додека не добијат златеста боја.
Оставете да изладатат.
3. Фонданот расукајте го, па со помош на калапите со кои ги вадевте фигурите, го сечете фонданот. 
Готовите фондани прилепете ги на колачите. Оставете да стврднат.

Нека ви се на здравје