Омлет на мој начин
Состојки
- 5-6 парчиња пилешки гради салама
- 1 патлиџан
- 1 пиперка
- 2 млади кромитчиња
- 3 лажици урда
- 4 јајца
Подготовка
Подготовка:
1. Исецкајте го зеленчукот и саламата на коцки. Промешајте ги со јајцата. Зачинете ги со сол.
Ставете да се пржат на намастено тавче.
2. Можете да го извадите како омлет, како палачинка, но пошто мене ми пушти патлиџанот сок, го промешав со вилушката. Сепак е одличен појадок.
Би ви препорачала чаша јогурт.
На здравје!