Винарки (старински парени колачи)
Состојки
- 1 чаша бело вино
- 1 чаша масло
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 пакетче ванилин шеќер
- околу 800 г остро брашно
- ореви по потреба
- кокос за прпелкање
- Шербет
- 300 мл вода
- 400 г шеќер
- неколку кругови лимон
Подготовка
Традиционален македонски рецепт, често се прават со пиво, но мене ми се поубави со вино. Рецептот е стар и е од тетка ми.
Подготовка:
1. Се замесува меко нелепливо тесто од состојките за тесто. Ако е тестото премеко, додадете малку брашно, а ако е претврдо, малку вино. Доколку немате остро брашно, користете меко или половина меко, половина остро.
2. Потоа од тестото откинувате парче во големина на орев, формирате топче, па го раширувате во мал диск. На средината ставате половина јатка орев или кршени ореви, можи и џем по желба и го замотувате во ролна, а краевите ги затворате со нежно притискање.
3. Вака подготвените колачиња ги редите на плех обложен со хартија за печење.
Ставате да се печат на 170 степени, околу 15-20 мин додека не почнат да поруменуваат.
4. Во меѓувреме подгответе го шербетот, нека зоврие водата со шеќерот, оставете да варат 15тина минути. На крајот додадете неколку кругови лимон.
Се прелеваат млаките колачи со млакиот шербет, па после се прпелкаат во кокос. Се оставаат неколку часа во фрижидер, па се спремни за јадење.